Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ се уште не размислува за заминување во пензија.
Ибрахимовиќ игра многу добро во ЛА Галакси и изјави дека ќе игра се додека се чувствува добро. Но, прв пат Ибра зборуваше и што би можело да работи по завршување на кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Швеѓанецот изјави дека еден ден се гледа на местото спортски директор на некој тим, а изјави дека тоа би можело да биде Ајакс иако не сака да се враќа во клубовите за кои некогаш играл.
„Не се враќам во клубовите за кои сум играл, но по завршување на кариерата може да станам спортски директор. И тоа во Ајакс каде што би работел подобра работа од било кого во клубот. Ајакс е мојот клуб и горд сум што сум играл“, изјави Ибра.
Ибрахимовиќ со ЛА Галакси има договор до крајот на оваа година и се уште не ги откри своите планови по тоа. За неколку месеци ќе наполни 38 години и сигурно дека крајот на кариерата за овој легендарен фудбалер е блиску.