Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, во април ги скина лигаментите на десното колено, а многумина во тој момент констатираа дека тоа можеби е крај на една голема кариера, но сепак не беше така, Ибра наскоро се враќа фудбалските терени.
Ибрахимовиќ на 20 април во четвртфиналето против Андерлехт заработи тешка повреда на коленото и денес после шест месеци од повредата и само неколку од својот 36 роденден се наоѓа на чекор од враќање на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како Швеѓанецот успеал да се врати на професионалниот фудбал покрај сите прогнози, најдобро знае Фреди Фу Хо-Кеунг.
Американецот роден во Хонг Конг кој е еден од најдобрите специјалисти за колена во светот. Токму тој го оперираше Ибрахимовиќ во САД и откри што допринело за негово брзо опоравување.
„За разлика од лигаментите, неговите зглобови, мускули и други делови на коленото се во првокласна состојба. Изгледаат како кај 15 годишник, а не како на човек кој со години го изложувал своето колено на големи напори и физички дуели“, изјави Фу.