Дома Фудбал Италија Ибра и Лукаку ги слушнаа казните, иста суспензија за двајцата!

Ибра и Лукаку ги слушнаа казните, иста суспензија за двајцата!

Миланското дерби во Копа Италија го одбележа големата расправија помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку.

Двајцата влегоа во вербална расправија, па за малку беше избегната голема физичка пресметка помеѓу корпулентните напаѓачи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Помеѓу другото Ибрахимовиќ му дофрлил на Лукаку да оди да си ги прави своите вуду глупости, а овој му врати дека „ќе му пука во глава“.

Поради тоа Дисциплинската комисија отвори постапка за двајцата напаѓачи и денес ги изрече казните.

Ибрахимовиќ и Лукаку се казнети само со еден натпревар суспензија, која според правилата во Калчото важи само за италијанскиот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси се доближува до историски рекорд по надминувањето на Пеле

Лионел Меси го надмина рекордот на Пеле за голови од слободни удари, откако го постигна св…