Дома Фудбал Италија Ибра го оперираше коленото, познато кога ќе се врати

Ибра го оперираше коленото, познато кога ќе се врати

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ вчера го опорираше левото колено во Рим и операцијата помина успешно.

Ибра се повреди на три кола пред крајот на сезоната, нема повреда на лигаментите, па се одлучи за конзервативна терапија.

Сепак, таквата терапија не вроди со плод, па мораше да оди на операција, која поминала успешно.

„Ибрахимовиќ е подвргнат на артосопија на левото колено, а операцијата беше успепна, Златан веднаш ќе започне со процесот на закрепнување“, соопштија од Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ибра ќе почне со целосни тренинзи после 4 недели, а ќе биде спремен за игра после 8 недели, што значи дека ќе биде спремен за првото коло од новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…