Дома Актуелно Ибрахимовиќ: Оној кој не играл во Лигата на шампионите, не знае што пропуштил

Ибрахимовиќ: Оној кој не играл во Лигата на шампионите, не знае што пропуштил

Златан Ибрахимовиќ го пропушти првиот натпревар на Милан во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Искусниот напаѓач не можеше да им помогне на своите играчи кои го намачија Ливерпул на „Енфилд“ и на крајот сепак беа поразени со 3:2.

Швеѓанецот е задоволен од она што го прикажале неговите соиграчи и истакна дека сега дел од играчите знаат како е да се игра во најелитното европско натпреварување.

„За многумина вчерашниот натпревар беше прв во Лигата на шампионите, но сега знаат што е потребно за да бидат таму. Екипата сфати што е потребно за да игра против најдобрите. Среќен сум поради нив. Се сеќавам дека на крајот на минатата сезона ги прашав колкумина од нив играле во ЛШ. Двајца или тројца ја кренаа раката. Мислев дека се шегуваат, но беше вистина. Оној кој не играл во Лигата на шампионите не знае што пропуштил“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Куртоа ги нападна ФИФА и УЕФА: Ве интересираат само пари!

Голманот на Реал Мадрид и белгиската репрезентација, Тибо Куртоа отворено ги нападна УЕФА …