Златан Ибрахимовиќ објави нова книга за својот живот под име „Адреналин“.
Шведскиот напаѓач пред скоро десет години ја објави книгата „Јас сум Златан“ во која откри многу од својот живот и пикантерии со кој предизвика внимание на јавноста. Сега одлучи дека е време за нова книга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатото лето Ибра го продолжи договорот со Милан, но во новата книга откри дека размислувал за заминување од „Сан Сиро“ и враќање во ПСЖ.
„Ова лето се понудив на ПСЖ да бидам спортски директор. Го побарал Насер и му предложив да дојдам во ПСЖ и да ја доведам неговата екипа во ред доколку не го продолжам договорот со Милан. Се насмевна на тоа, но не ми кажа не“, открива Златан во книгата.
Ибрахимовиќ во ПСЖ помина четири години како играч и на 180 натпревари постигна 156 голови и подели 61 асистенција.