Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ најави пензионирање: Блиску сум до крајот

Ибрахимовиќ најави пензионирање: Блиску сум до крајот

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ во интервју за „ЕСПН“ најави дека би можел да се пензионира на крајот на сезоната.

Тој зборуваше за својата улога во тимот и наговести дека е свесен дека е блиску до самиот крај.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Блиску сум до крајот и само го одложувам, бидејќи се плашам што ќе правам после тоа. Имам различни опции и можам да правам многу нешта, но незнам дали ќе го најдам адреналинот кој го чуствувам на теренот. Се обидувам да го оддолжам повлекувањето, но јасно е дека треба да бидам физички добро. Нема смисла да играш и да страдаш, треба да бидеш реален и да кажеш: Доволно е толку“, изјави Ибрахимовиќ.

„Меѓутоа, ако постојано мислам на моето повлекување, нема да можам да му помагам на тимот. Ние сме млад тим, а јас имам доволно искуство кое им го давам секој ден. Фудбалерите следат една иста програма секој ден, јас тоа го правам 25 години. Свесен сум дека сум блиску до крајот, но се уште не сум го стигнал“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…