Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ донел одлука, не сака да остане во Милан?

Ибрахимовиќ донел одлука, не сака да остане во Милан?

Oвие денови е турбулентно во Милано, Звонимир Бобан и Паоло Малдини се пред заминување.

Целиот проблем го направи Иван Газидис кој сакал нови луѓе во спортскиот сегмент пред почетокот на новата. Наводно, тој веќе испланирал да го доведе поранешниот тренер на Лајпциг, Ралф Рагник и тој да биде шеф на стручниот штаб, скаут и спортски директор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Целата ситуација наводно влијае и на Златан Ибрахимовиќ. Ибрахимовиќ кога дојде потпиша договор до крајот на сезоната со можност соработката да се продолжи. Меѓутоа сега италијанските медиуми пишуваат дека Милан дури и да сака да го продолжи договорот, Ибрахимовиќ ќе го одбие.

Наводно неговата одлука ја поддржува и неговиот менаџер Мино Раиола кој не е во добри односи со Газидис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…