Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Донарума е најдобриот голман во светот

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобриот голман во светот

Златан Ибрахимовиќ смета дека Џанлуиџи Донарума во овој момент е најдобриот голман во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума на само 16 години доби шанса во Милан и од тогаш е на голот на „росонерите“. Меѓутоа поради ситуацијата во која се наоѓаше Милан во изминатите години Донарума се уште нема одиграно ниту еден натпревар во Лигата на шампионите.

„Донарума е најдобар голман во светот и не е нормално тоа што не бранел на ниту еден натпревар во Лигата на шампионите“, изјави Ибрахимовиќ.

Во оваа прилика Ибра го прокоментира и неговиот статус во Милан.

„На крајот од сезоната ќе донесам одлука за својата иднина. Се додека се чувствувам добро на теренот ќе продолжам да играм“, потенцираше Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Добар старт, но лош крај: Шкендија загуби од Браво по пресврт

Шкендија загуби со 1-2 на гостувањето кај Браво во Љубљана во првиот натпревар од второто …