Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Дали ќе го продолжам договорот? Да, ако бидеме шампиони!

Ибрахимовиќ: Дали ќе го продолжам договорот? Да, ако бидеме шампиони!

Златан Ибрахимовиќ денес го постигна својот прв гол по враќањето во Милан, точно 2806 дена откако последен пат ја тресеше мрежата во црвено-црниот дрес.

Милан гостуваше во Каљари и со победа од 0:2 и нов систем на игра најави излез од кризата, Ибрахимовиќ беше стрелец на вториот гол.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Швеѓанецот со „росонерите“ потпиша договор до крајот на сезоната, со опција истиот да биде продолжен. После натпреварот новинарите ги интересираше дали ќе го продолжи договорот, а Ибра им одговори во свој стил.

„Дали ќе го продолжам договорот? Да, ако го освоиме првенство, знам дека ќе биде тешко“, одговори Ибрахимовиќ па продолжи:

„Игравме со двајца напаѓачи и две крила за да биде повеќе офанзивни. Денес беше добро, освоивме три бода. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е момчето кое има „најсилни“ понуди во светот на фудбалот: Го бараат Баерн, Барса, Ливерпул и Реал

Сјајниот дефанзивец на англискиот Кристал Палас, 25-годишниот Марк Геи, има понуди од најг…