Златан Ибрахимовиќ во обемно интервју за „Екип“ проговори за можноста повторно да се врати во Европа.
Во последно време се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти Лос Анџелес и повторно ќе се врати во Милано.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа француските новинари ги интересираше дали повторно би се вратил во ПСЖ, место каде испиша историја.
„Доколку се вратам во Париз, тоа ќе биде само како – шеф. Поради ништо друго не би се вратил и не постои друга опција. Уште сум активен фудбалер и сакам да играм“, изјави Ибра во свој стил.
Ибрахимовиќ во интервјуто за „Екип“ не ја исклучи можноста повторно го облече дресот на Милан во зимскиот преоден рок.