Дома Фудбал Останато Иако беше во критична состојба легендарниот голман го победи Ковид-19!

Иако беше во критична состојба легендарниот голман го победи Ковид-19!

Поранешниот турски голман Рушту Решбер иако беше во критична состојба го победи коронавирусот.

Пред две недели Рушту беше примен во болница во лоша ситуација, меѓутоа сега за среќа се опорави и ја напушти болницата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој ќе остане во карантин во наредните денови, но изгледа го победи коронавирусот кој му го пренесе неговата сопруга по враќањето од САД.

„Каков ден, му благодарам на Бог. Мојот сопруг после 11 тешки денови ја напушти болницата. Но, не сум целосно среќа бидејќи многу болни чекаат во болниците и јас се молам за секој од нив“; напиша таа на нејзиниот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…