Во интервју пред Светското првенство Карим Бензема зборуваше за очекувањата од Мундијалот и она што следи во Катар, меѓутоа новинарот го зарпаша и за „Златната топка“.




Бензема оваа година сосема заслужено ја освои „Златната топка“ и тоа убедливо пред конкурентите. Новинарот му постави прашање на Бензема дали добил честитка од Кристијано Роналдо.




Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
„Не, не сум добил никаква порака од него“, одговори Бензема.




Ваквиот одговор на францускиот напаѓач е малку зачудувачки затоа што двајцата беа соиграчи во Реал Мадрид од 2009 до 2018 година и имаа одлична соработка во периодот кога Роналдо ја освојуваше „Златната топка“. Треба и да се знае дека Бензема е играчот кој најмногу му асистирал на Португалецот во кариерата.