Дома Фудбал Останато Зинчеко се расплака на прес-конференцијата: Сонуваме за Мундијал, но сонот на секој Украинец е да заврши војната!

Зинчеко се расплака на прес-конференцијата: Сонуваме за Мундијал, но сонот на секој Украинец е да заврши војната!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинчеко се расплака на прес-конференцијата пред полуфиналниот бараж против Шкотска кој се игра вечерва од 20:45 часот.

Поради ситуацијата во нивната земја Украина не играше баражи во март, меѓутоа воените дејствија таму се уште не запираат, па УЕФА мораше да бара алтернатива. Зинчеко и претходно неколку пати апелираше да се стави крај на руската агресија.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сега пред оваа пресметка емотивно експлодираше.

„Сонуваме да играме на Светското првенство, но сон на секој Украинец во овој момент е да заврши војната. Разговарам со децата, тие не разбираат што се случува, меѓутоа сонот на сите е еден – крај на таа војна“, порача Зинчеко.

Ќе потсетиме, победникот од Шкотска и Украина за место на Мундијалот ќе игра против Велс на 5. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…