Дома Фудбал Лига на шампиони Зинедин Зидан прв пат во тренерската кариера е елиминиран во ЛШ

Зинедин Зидан прв пат во тренерската кариера е елиминиран во ЛШ

Реал Мадрид синоќа испадна од ЛШ.

Кралевите беа поразени од Манчестер Сити со 2:1 на Етихад и така со вкупни 4:2 испаднаа од најелитното европско клупско натпреварување.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ова е прв пат Зидан во тренерската кариера да испадне од Лига на шампиони.

Да потсетиме, во претходните три обиди секогаш доаѓаше до самиот крај. Тоа беше во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18. Минатата сезона кога Реал испадна од Ајакс тренер на екипата беше Солари.

И додека Зизу мора да ја почека следната сезона, тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го однесе тимот во Лисабон на самата завршница каде ќе се обиде да се изедначи со Зидан по бројот на освоени европски титули. Французинот како тренер за сега има 3, а Гвардиола 2.

Граѓаните во четвртфиналето ќе играат против Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Франческо Тоти постигна маестрален гол на 48 години

ФРАНЧЕСКО ТОТИ (48), легендата на Рома и еден од најистакнатите фудбалери во историјата на…