Дома Фудбал Зидан ја коментираше продажбата на Хакими

Зидан ја коментираше продажбата на Хакими

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната пресконференција ја коментираше продажбата на Ашраф Хакими во Интер.

Десниот бек одигра одлична сезона во Борусија Дортмунд и неодамна потпиша нов договор со Реал, но „кралевите“ решија да го продадат за 45 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Зидан денес ја коментираше продажбата и истакна дека клучен бил економскиот аспект на зделката.

„Покрај спортско-техничкиот аспект, постои и економски аспект, кој е многу важен. Сега не е момент да зборуваме за тоа, иако наскоро би требало да биде официјално. Постојат три страни – клуб, фудбалер и тренер. Работите се решаваат на таков начин, економскиот аспект е многу важен“, истакна Зидан.

Реал Мадрид има потреба од пари, а скоро сигурно ова лето нема да може да инкасира пари од продажбата на Хамес Родригез и Герет Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…