Дома Фудбал Зидан јасен: Јас не сум најдобар тренер во светот!

Зидан јасен: Јас не сум најдобар тренер во светот!

Зинедин Зидан на гала вечерта на ФИФА ја доби наградата за најдобар тренер во 2017 година.

Легендата на францускиот фудбал и како тренер забележува фантастични успеси и со Реал веќе ги освои сите можни трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа иако ја доби наградата за најдобар 45 годишниот Зидан тврди дека тој не е најдобриот тренер во светот.

„Ја прифатив наградата како признание за она што го направивме минатата сезона. Освоивме многу трофеи како тим и сметам дека наградата им припаѓа на сите и со задоволство ја прифаќам. Сепак, ако ме прашувате дали сум најдобар тренер на светот, одговорот е  „не“, бидејќи постојат многу тренери кои се подобри од мене“.

„Ако за 10 години и понатаму освојувам трофеи тогаш можеме да зборуваме за тоа, но во овој момент јас не сум најдобар. Не сакам премногу да се зборува за тие работи, но она што јас сакам е напорна работа и во тоа уживам“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…