Дома Фудбал Останато Зидан потврди: Набрзо може да не бидам слободен

Зидан потврди: Набрзо може да не бидам слободен

Зинедин Зидан е без ангажман после заминувањето од Реал Мадрид, а сега истакна дека е спремен да се врати на тренерската работа.

Зидан истакна дека нема конкретна понуда за ангажман, но работите можат да се променат набрзо.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Сакам повторно да бидам тренер. Можеби ќе бидам слободен до јуни, но работите можат многу брзо да се променат“, изјави Зидан.

Французинот минатото лето ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед бидејќи сакаше да ја преземе француската репрезентација, но Дешамп остана на селекторското место.

Сега како фаворит за неговиот потпис повторно се смета ПСЖ, кој сака да го замени Галтие токму со Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…