Дома Трансфер зона Зидан после натпреварот со Рома изненади со изјавата за Бејл и Хамес

Зидан после натпреварот со Рома изненади со изјавата за Бејл и Хамес

Зинедин Зидан го променил мислењето.

Иако претходно јавно зборуваше дека не смета на услугите на Герет Бејл и Хамес Родригез, тренерот на Реал нешто го натерало да го промени мислењето.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Реал Мадрид вчера играше пријателски натпревар против Рома кој „кралевите“ го изгубија после изведувањето на пенали, додека во регуларниот дел беше 2:2. После овој натпревар Зидан изненади со изјавата која ја даде за медиумите.

„Хамес и Бејл се дел од екипата. Се може да се случи до крајот на преодниот рок, но тие се играчи на Реал и јас сметам на сите играчи со кои располагам“, изјави Зидан.

Ќе потсетиме што Зидан зборуваше за Бејл неодамна:

„Кога би можел утре да замине би било подобро за нас. Немам ништо лично против него, но носам одлуки. Доаѓа момент кога мораш да менуваш. Неговото заминување е најдобро за сите“, зборуваше Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…