Дома Фудбал Зидан: Не верувам во кризата на Барселона!

Зидан: Не верувам во кризата на Барселона!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговарајќи на новинарски прашања смета дека воопшто нема криза во редовите на Барселона.

„Барселона воопшто не е во криза“, кратко одговори Зидан на прашање за наголемиот ривал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На пресконферецијата пред гостувањето во Валенсија, Зидан зборуваше и за иднината на Иско на „Сантиаго Бернабеу“.

„Иско знае дека го сакам како играч, но јас имам такви 24. За мене се сите тие исти. Разбирливо е дека сака да го напушти клубот, бидејќи секој играч сака да игра“, објасни Зизу.

Францускиот стратег на крајот изјави дека е среќен поради враќањето на Герет Бејл, но не откри дали Велшанецот ќе настапи против Валенсија.

„Бејл е среќен и физички спремен. Дали ќе настапи против Валенсија? Тоа ќе го видите пред натпреварот“, кратко изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Леверкузен даде гол со спектакуларен „шкорпион“! (Видео)

Французинот Мартин Терие во денешнатаа победа на Леверкузен од 2-0 против Келн го посигна …