Дома Фудбал Зидан нервозен со новинарите: Имате информации кои не би требало да ги имате!

Зидан нервозен со новинарите: Имате информации кои не би требало да ги имате!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека голманот Тибо Куртоа имал здравствени проблеми пред мечот со Бриж во ЛШ.

Куртоа не се чувствуваше добро. Пред мечот беше спремен да игра, но веќе на полувреме не беше. Свирежите? Дали се оправдани или не – тие се факт. Тој е силен и знае дека ситуацијата може да се промени. Сите заедно сме одговорни за свирежите од публиката“, изјави Зидан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа новинарите го прашаа за закаснувањето на Герет Бејл пред мечот со Бриж, а Зидан беше изненаден како излегла таа информација во јавност.

„Тоа останува внатре во соблекувалната. Имате информации кои не би требало да ги имате. Треба прво да разговарам со Герет за таа ситуација, но чудно е како информацијата излегла од соблекувалната, тоа не треба да се случи“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа веќе добива критики: Тој е таму само поради Мурињо!

Алваро Арбелоа сè уште не седнал на клупата на Реал Мадрид на официјална средба, а веќе е …