Дома Фудбал Зидан за Гетафе има на располагање само 13 играчи во поле 📸

Зидан за Гетафе има на располагање само 13 играчи во поле 📸

Реал Мадрид денес го објави составот за утрешниот натпревар против Гетафе, а на него ако не ги сметаме голманите се само 13 играчи во поле.

Од претходно се повредени Серхио Рамос, Лукас Васкез, Даниел Карвахал и Еден Азар. Варан е позитивен на коронавирусот, а тренингот пред натпреварот се повреди Ферлан Менди, суспендирани се Касемиро и Начо.

Реал така на гости кај Гетафе ќе оди со „тенок“ состав, а сепак за да не допатува само со 13 играчи во поле ќе бидат повикани неколку играчи од „Б“ тимот кој се натпреварува во третата лига.

Фудбалерите на Зидан се во борба за титулата во Ла Лига и секој бод им е од голема важност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лалатовиќ се врати во Нови Пазар и веднаш испрати јасна порака: Сака само три бода против ИМТ

Ненад Лалатовиќ повторно седна на клупата на Нови Пазар, а пред дуелот со ИМТ порача дека …