Француските медиуми се готово сигурни дека Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ на лето, а сега откриваат дека се започнати и преговори со Златан Ибрахимовиќ.




Имено, ПСЖ сака да го донесе Ибрахимовиќ како нов спортски директор на местото на Леонардо, кој веќе три сезони е на таа функција, но трпи многу критики.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Притоа, Леонардо има нарушен однос со многу од ѕвездите на тимот, па поради тоа раководството сака да го смени.




Зидан се согласил со доаѓањето на Ибрахимовиќ бидејќи одлично го познатава клубот и може да биде одлична врска помеѓу соблекувалната – раководсвото и тренерот.
Ибра пак не крие дека по завршувањето на кариерата сака да остане во фудбалот и да работи како спортски директор.