
Најголемото засилување на Баерн во летниот преоден рок, без дилеми, е бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо.
Името на овој фудбалер претходните недели се поврзуваше со неколку клубови, а неговиот избор на крајот падна на Баерн во кој доаѓа на едногодишна позајмица од Барселона.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Баерн ќе има право и на откуп на договорот по завршувањето на позајмицата, а дека Баварците направиле голема работа со овој трансфер смета и Зе Роберто кој исто така во минатото настапуваше за минхенскиот тим.
„Завршена е голема работа со донесувањето на Кутињо“ – изјави Зе Роберто за сајтот на Бундеслигата, и додаде:
„Ова за него е шанса да ја врати формата од Ливерпул. Да дојде до тоа мора да добие слобода и да игра на омилената позиција на теренот, односно слобода да игра свој фудбал, да шутира од дистанца и да биде врска со напаѓачите. Само тогаш ќе биде силен, а клубот ќе има корист од тоа.“
Сумата за која Баерн може следното лето да го купи Кутињо изнесува 120 милиони евра.