Дома Македонски спорт Мак баскет Зекири сака да игра за Косово, КФМ не му дозволува

Зекири сака да игра за Косово, КФМ не му дозволува

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) планира да ги искористи сите правни средства за да не му дозволи на поранешниот кадетски, јуниорски и младински репрезентативец Лејсон Зекири да настапува за селекцијата на Косово.

Играчот на Приштина не се појави на првата прозивка во неделата, а од КФМ објаснија дека сака да настапува за Косово.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Зекири не се појави на првиот собир и не ни даде официјална информација зошто го одби да дојде. Неофицијално дознавме дека сака да игра за репрезентацијата на Косово. Ги контактиравме неговите најблиски, но засега немаме официјален став, се е неофицијално, а тоа е дека Зекири не сака да игра за Македонија иако е во плановите на селекторот. Ставот на КФСМ е дека немаме многу квалитетни кошаркари и доколку дојде барање од кошаркарската федерација на Косово, нема да го одобриме. Секако, тоа нема да застане тука. Но, политиката на ФИБА е малку ограничена и малку ѝ се врзани рацете на федерацијата. Ќе се потрудиме тоа да не застане така и да биде пример и за другите“, изјави генералниот секретар на КФСМ, Георгиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…