Дома Фудбал Англија Здодевното дерби на „Гудисон Парк“ заврши без голови

Здодевното дерби на „Гудисон Парк“ заврши без голови

Евертон и Ливерпул денеска во рамките на 33. коло од Премиер лигата одиграа уште едно Мерсијад Дерби, со право можеме да кажеме дека ова беше едно од најздодевните во последните неколку години. Резултатот беше 0:0.

Комбинираниот тим на Ливерпул го запре Евертон кој, барем по формацијата, денеска требаше да покаже поофанзивен фудбал, а сите важни случувања се случуваа во првото полувреме, кога двете екипи имаа по неколку прилики.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Првото име на натпреварот беше Џордан Пикфорд, кој прво во 15. минута го одбрани ударот на Соланке, а потоа и во 30. минута на Џејмс Милнер. Голманот на Евертон беше најзаслужниот што неговиот тим капитулираше во првотот полувреме, во кое вреди да се издвои и одличниот обид на Боласи во 23. минута.

Во второто полувреме вистинското затишје на теренот нактатко го прекина Чембрлен во 70. минута. Сепак, неговиот удар беше над голот. Пред крајот на натпреварот, имаше големо возбудување пред голот на Ливерпул. Прво во 87. минута Тосун, а потоа и Колман кој задоцни, за потоа само минута подоцна Калверт-Левин шутна покрај голот. Резултатот не се промени, па мечот заврши 0:0.

Ливерпул остана трет на табелата со 67 бода, додека Евертон е на деветото место со 41 бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…