Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, па така и на 38 години ја завршува 2023 година како најдобар голгетер во светот. Со тоа во јавноста „срамежливо“, но се појавуваат коментари дека Португалецот можеби може да се надева на нова „Златна топка“.
Звучи чудно, но најголема причина што Роналдо има право да се надева е Европското првенство кое следи наредното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Роналдо зад себе веќе има успех во годината со постигнати 53 гола и ако на тоа се додаде одреден успех со Португалија на континенталниот собир тогаш не е невозможно да влезе во потесна конкуренција.
Сведоци бевме оваа година дека Меси ја освои „Златната топка“ само поради успехот на Светското првенство со Аргентина, речиси без никаков клупски успех во Пари Сен Жермен пред да премине во Интер Мајами.
Роналдо сега има добра година на клупски план, па останува да видиме како би играла Португалија на Европското првенство, а ако има добар турнир нема дилеми дека Роналдо би се издвоил како еден од лидерите.
На Европското првенство Португалија е во група со Турција, Чешка и победникот од баражот преку Лигата на Нации.
🇵🇹 Cristiano Ronaldo scores two goals on penalty for Al Nassr and makes it 5️⃣3️⃣ goals in 2023 calendar year.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 26, 2023
Current situation 👟✨
◉ Cristiano Ronaldo — 53
◎ Harry Kane — 52
◉ Kylian Mbappé — 52
◎ Erling Haaland — 50 pic.twitter.com/QEp5zipViP