Дома Останати Тенис Зверев немаше шанси, Ѓоковиќ победи за финале во Шангај и втора позиција на АТП

Зверев немаше шанси, Ѓоковиќ победи за финале во Шангај и втора позиција на АТП

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го совлада Александар Зверев со 2:0 во сетови, 6:2, 6:1 и на тој начин си обезбеди финале на Мастерсот во Шангај.

На Ѓоковиќ во овој полуфинале меч му беа потребни 61 минута, а Зверев се држеше до шестиот гејм од првиот сет кога Србинот направи брејк и стигна до предност од 4:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во наредниот гем Ѓоковиќ го потврди гемот, а потоа во осмиот ја искористи втората брејк и сет топка за водство во сетови од 1:0.

На почетокот на вториот сет изгледаше како Зверев да се опоравил од завршницата на првиот, но Ѓоковиќ лесно стигна до брејк во четвртиот гем и водство од 3:1.

Потоа младиот Германец не можеше да се врати бидејќи, Ѓоковиќ во шестиот гем направи нов брејк, а потоа сервираше за победа и финале на Шангај.

Освен пласманот во финалето на Мастерсот во Шангај каде што ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Федерер и Чориќ, Ѓоковиќ со оваа победа стигна до втората позиција на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка го одбрани трофејот во Мајами

Со ова Сабаленка го одбрани минатогодишниот пехар во Мајами, а воедно ја комплетираше сери…