Дома Останати Тенис Зверев го доби Циципас и закажа финале со Алкараз

Зверев го доби Циципас и закажа финале со Алкараз

Aлександар Зврев се пласираше во големото финале на мастерс тенискиот турнир во Мадрид откако вчера го совлада Стефанос Циципас во три сета.

Германскиот тенисер се одмазди за поразот од Гркот во полуфиналето во Монте Карло и сега во финалето ќе ја брани титулата против Шпанецот Карлос Алкараз. Првиот сет го доби со 6:4, но Циципас се врати со 3:6. Решавачкиот сет му припадна на Зверев со 6:2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Третиот рекет во светот така стигна до своето 10-то мастерс финале на турнирите. Финалето е закажано за денес од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Дејли мејл“: Ѓоковиќ избега бидејќи е на удар од Владата на Србија

Новото поглавје на срамното однесување на српските власти кон Новак Ѓоковиќ, го забележал …