Дома Останати Авто Мото За Шумахер нема добри вести: Никогаш нема да биде истиот човек кој го познававме

За Шумахер нема добри вести: Никогаш нема да биде истиот човек кој го познававме

Веќе 10 години не се знае многу за состојбата на Михаел Шумахер.

Седумкратниот шампион во Формула 1 во 2013 година заработи повреда на скијање и од тогаш не се појави во јавноста.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се шпекулира за неговата состојба, а сега на таа тема јавно зборуваше Џони Хиберт кој возеше Формула 1 од 1989 до 2000 година за Бенетон, Тајрел, Лотус, Саубер, Стјуарт и Јагуар. Во тој период запиша три триумфа и седум подиуми.

Според неговите зборови, Шумахер воопшто не е блиску до човекот кој некогаш бил и дека несреќата влијаела и на неговиот роден брат Ралф.

„Кога Ралф Шумахер работеше за „Скај Германија“ многу често се среќававме. Сега мора да работи многу за да помогне на семејството по она што му се случи на Михаел. Созреа и е многу поинаква личност отколку кога беше возач. Многу се промени, мора да се носи со ситуацијата околу неговиот брат“.

За Шумахер нема добри вести.

„Никогаш нема добри вести. Она што знаеме е дека никогаш не добиваме добри вести. Страшна е помислата дека Михаел никогаш нема да биде блиску до оној човек кој го познававме. Тој беше човек кој секогаш се кажуваше во лице директно, свесен беше што може и што не може“, изјави Херберт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…