Дома Останати Тенис За последен пат: Ѓоковиќ против Надал!

За последен пат: Ѓоковиќ против Надал!

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ утре за последен пат во историјата ќе играат еден против друг на турнирот „Шесте кралеви“ во Ријад.

Ѓоковиќ и Надал се сретнаа летово и на Олимписките игри во Париз, а ова дефинитивно е нивна последна средба затоа што Шпанецот потврди дека последните мечеви во кариерата ќе ги одигра наредниот месец на Дејвис купто во Малага.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сега во Ријад двајцата тенисери ќе водат битка за третото место откако српскиот ас беше елиминиран од Јаник Синер, а Надал од својот помлад сонародник Карлос Алкараз.

Низ годините досега Ѓоковиќ и Надал одигра 60 официјални мечеви во кои Ѓоковиќ има две победи повеќе (31:29). Како што е најавено иако станува збор за неофицијален турнир и овој резултат ќе биде запишан во нивниот меѓусебен скор.

Meчот помеѓу Ѓоковиќ и Надал се игра од 18:30 часот, додека во 18:00 часот е финалето на турнирот помеѓу Синер и Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ даде изјава со која ги израдува фановите

Новак Ѓоковиќ кого го чека натпревар за третото место на турнирот во Ријад, Саудиска Араби…