Челси дозволи Ромелу Лукаку за 35 милиони евра да замине во Евертон, за сега да понуди 85 милиони за да го врати. И не е само Лукаку во прашање, тука се многу други имиња.
Ромелу Лукаку
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатата сезона во дресот на Евертон постигна 25 погодоци, а сега е на прагот на нова соработка со Мурињо.Без оглед на тоа што Португалецот во Челси му дозволи да игра само на два натпревари. И откако Мурињо не беше задоволен, Белгиецот замина на „Гудисон“ каде блесна.
Кевин Де Брујне
Манчестер Сити мораше да издвои 74 милиони евра за да го врати во Премиер лигата, откако под раководство на Мурињо замина за 22 милиони. Во тоа време да останеше во Челси, а да не заминеше во Волфзбург, Кевин немаше да биде тоа што е денес, подоцна се правдаше Мурињо.
Леонардно Бонучи
Интер тогаш изгледаше недопирливо. Бонучи во тоа време замина во Џенова за 4 милиони евра, а сега во очите на Гвардиола е вреден 50 милиони евра.
Рајан Бертранд
Се чини најмалку звучното име на оваа листа, но е уште еден играч кого Гвардиола исклучително го почитува. До толку што сега е подготвен за него да издвои 30 милиони евра. Тој блесна во Саутемптон каде Мурињо го пушти да замине за 13 милиони евра.
Давид Луиз
Само еден месец по кошмарниот пораз од Германија во полуфиналето на Мундијалот во Бразил, уште еден тежок удар за Давид Луиз. Жозе ги тргна емоциите на страна и го направи она што по негово мислење беше најдобро, а го продаде во ПСЖ за 50 милиони евра. Тој процвета во Париз, Па Конте подоцна го врати на „Стемфорд Бриџ“.
Хуан Мата
Најдобар играч во Челси за сезоната 2012/2013. Веќе од следната сезона по враќањето на Мурињо, тој станува резерва за Оскар. Во јануари 2014.замина во Манчестер за 44 милиони евра.
Мохамед Салах
Ова лето стигна во Ливерпул за 42 милиони евра, а зад себе има две одлични сезони во Рома. Мурињо тогаш не го виде во тимот, па го продаде лесно во Рим за 15 милиони евра.
Езекјел Гарај
Имаше 24 години кога Мурињо му ја покажа врата на мадридски Реал. Аргентинецот заблеска во Бенфика, а потоа и во Зенит, па во последниот ден од преодниот рок летото 2016. година, за 24 милиони евра замина во Валенсија.
Филипе Луиз
Мурињо во својот тим го донесе за 20 милиони евра, но само по 15 одиграни натпревари го врати во Атлетико Мадрид за 16 милиони.