Дома Македонски спорт Мак фудбал За Гостивар играл фудбалер кој немал право на настап – ќе има ли казна?

За Гостивар играл фудбалер кој немал право на настап – ќе има ли казна?

Гостивар е лидер на табелата во Втората лига, но овој тим би можел да се соочи со проблем поради настапот на фудбалерот Гордијан Христовски.

Имено, со настапот за Гостивар Христовски заиграл во три различни клуба во иста сезона што е спротивно од правилата на ФФМ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот со Локомотива, Гостивар го доби со 1:0, меѓутоа ако се потврди дека Христовски навистинаа не смееле да игра тогаш гостиварци би го загубиле натпреварот со службен резултат, но Дисицплинската комисија може да ги казни со дополнително одземање на бодови.

Останува да се види каква ќе биде и дали ќе ја има реакцијата од ФФМ. Во овој момент Гостивар е лидер со 40 бодови, додека Воска и Вардар на втората и третата позиција имаат по 37 бодови, Пелистер е четврти со 33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…