Репрезентацијата на Македонија вчера беше поразена од Грузија со 2:0 во Тбилиси и така ги загубивме сите шанси за првото место кое води во плеј-офот за Европското првенство.




Македонија и во овој натпревар слично како и во Скопје во добар дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот, но на крајот нашите пропуштени напади беа казнети.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
„Прво сакам да им честитам на Грузијците за победата, иако по мене таа беше незаслужена. Доминравме на терен, но противникот ги искористи шансите. Тоа е фудбалот, грешките се составен дел од оваа игра. Штета што ние не ги искористивме нашите шанси.




Во последниот натпревар од групата Македонија в понеделник во Скопје ќе ја пречека Бугарија.




„Сега против Бугарија на терен да истрчаме со подигнати глави. Не верувам дека ќе имаме психолошки пад на тој натпревар. Нашата цел е три бода, иако тие не ни се важни во овој момент. Против Бугарија ќе биде посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост и за да ги израдуваме нашите навивачи со нова победа“, рече дефанзивецот.




Натпреварот против Бугарија е во терминот од 20:45 часот.