Дома Фудбал Останато „Засилувањето“ на Интер по одиграни 45 минути се враќа во Португалија

„Засилувањето“ на Интер по одиграни 45 минути се враќа во Португалија

Интер нема да ја активира откупната клаузула и да го откупи договорот на Лисандро Лопез од Бенфика, соопшти португалскиот „Record“.

Интер има можност да го откупи договорот на аргентинскиот стопер за десет милиони евра, но тоа, сосема очекувано, нема да се случи. Таква одлука беше неизбежна, со оглед на тоа дека Лисандро Лопез од своето доаѓање на „Сан Сиро“ запиша само еден настап во дресот на Интер. Поточно, одигра само едно полувреме во текот на јануари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Овој 28-годишен фудбалер не е во плановите на Интер и ќе се врати во Бенфика следниот месец. Сепак, наскоро би можел да реализира нов трансфер со оглед на тоа што за неговите услуги е заинтересиран Еспањол. Инаку, Лопез на позајмица во Интер пристигна во јануари, а Интер за тоа плати 450,000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…