Езекил Лавеци минатата година ги избра кинеските пари наместо освојување на трофеи со некој европски гигант, а сега се покажа колку тој потег на Кинезите беше погрешен.
Имено, 31-годишниот Аргентинец заработи 26 милиони долари за една година, а не постигна ниту еден гол. Покрај неефикасноста го мачеа и повреди, а во Хабеи шокирани се од својата грешка и наводно размислуваат за раскинување на договорот.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Лавеци кој во еден период минатата година беше и најплатен фудбалер на светот, запиша четири асистеции за 775 минути поминати на теренот. Неговата заработка според бројот на головите и асистенциите е неверојатна, па така за секоја минута на терен заработил дури 30.000 долари.
Лавеци се осигура за со сигурност да ги добие своите пари, па во договорот има клаузула дека клубот до 10 јануари мора да му исплатат 26,7 милиони долари. Притоа, напаѓачот доби и наместен стан, вила, два автомобили, возач и преведувач.