Дома Фудбал Лига на шампиони Започнува Лигата на шампионите: Ова се 11 млади фудбалери од кои се очекува да блеснат

Започнува Лигата на шампионите: Ова се 11 млади фудбалери од кои се очекува да блеснат

Минатата година Лигата на шампионите освен по тоа што Баерн стана шампион ќе се памети и по Ерлинг Халанд кој блесна и се претстави на пошироката фудбалска јавност.

Халанд прво постигна три гола против Генк, а потоа му даде гол и на Ливерпул, стрелаше и во дуелот со Наполи (два пати), а до крајот на групната фаза постигна уште два гола.

Одличните настапи на Халанд за Салзбург му донесоа трансфер во Борусија Дортмунд. Голтерската форма Норвежанецот ја продолжи и во редовите на „милионерите“ и стигна до бројката од 10 гола во најелитното европско натпреварување.

Сезонава „Дејли Мејл“ издвои 11 млади играчи кои се очекува да блеснат. Помеѓу нив се најде и Дејан Кулушевски.

ЛИСТАТА ОД 11 ФУДБАЛЕРИ:

Џовани Рејна (Борусија Дортмунд), Едуардо Камавинга (Рен), Ансу Фати (Барселона), Џуд Белингем (Борусија Дортмунд), Мејсон Гринвуд (Манчестер Јунајтед), Доминик Сзобослаи (Ред Бул Салцбург), Дејан Кулушевски (Јувентус), Мохамед Кудус (Ајакс), Фил Фоден (Манчестер Сити), Микаел Кузенс (Марсеј), Патсон Дака (Ред Бул Салцбург).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Овен: Фред направи глупост, ако јас сум тренер никогаш не би заиграл

Во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите ПСЖ оствари важна победа против Манчесте…