Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ќе претрпи значителни промени во текот на летото.
Заминувањето на Килијан Мбапе ќе биде незаменливо од повеќе аспекти. И оние на теренот и оние надвор од него. Сепак, тој веројатно нема да биде единствениот чие заминување ќе значи посериозни промени во Пари Сен Жермен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, како што пренесува „Екип“, спортскиот советник Луис Кампос, кој заедно со Кристоф Галтие пред две години дојде од Лил, полека може да си ги пакува куферите. Кампос пристигна со јасна задача – да биде еден од луѓето задолжени да го задржат Килијан Мбапе барем до 2025 година. Тоа беше успешно направено и сега можеше да тргне по друг пат.
Со ова во клубот расте моќта на актуелниот спортски директор Антеро Енрике на кого Насер Ал Хелаифи се повеќе му верува и тој треба да преземе посериозна улога во клубот.