Дома Фудбал Лига на шампиони Заврши бајката на Лајпциг, ПСЖ е првиот финалист во Лигата на шампионите! ?

Заврши бајката на Лајпциг, ПСЖ е првиот финалист во Лигата на шампионите! ?

Пари Сен Жермен вечерва апсолутно заслужено го победи Лајпциг и се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите.

ПСЖ го победи Лајцпиг со убедливи 3:0, а победата можеше да биде и поубедлива затоа што Французите имаа уште 2-3 одлични прилики за гол кои не ги искористија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Резултатот го отвори дефанзивецот Маркињос кој ја погоди мрежата со голава после изведениот слободен удар на Ди Марија. Вториот гол дојде после едно лошо додавање на голманот на Лајпциг Гуласки. Гуласки очајно додаде, топката дојде до Пардес кој го пронајде Нејмар во шеснаесетникот, а Бразилецот мајсторски му асистираше на Ди Марија.

Во второто полувреме видовме слична игра како и во првите 45 минути. ПСЖ беше подобриот тим на теренот, ја дрежеше топката и создаваше прилики. Сепак, искористија само уште една и тоа преку Бернат кој ги постави конечните 3:0.

ПСЖ во финалето ќе го чека подобриот од второто полуфинале помеѓу Лион и Манчестер Сити, тој натпревар се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…