Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Заборавете на Нејмар, Бразил има нов херој!

Заборавете на Нејмар, Бразил има нов херој!

Бразил обезбеди пласман во осминафиналето на СП во Русија. Сепак, Кариоките не го кажале последниот збор зошто се фаворити за пехарот.

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар не импресионираше многу во досегашниот дел од првенството, но затоа тука е неговиот соиграч Фелипе Кутињо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кутињо за сега е херој на Бразил, а на него му тргна од нога да асистира или постигне погодок во секој од првите три натпревари на СП.

Фелипе така стана првиот Бразилец после легендарниот Пеле од 1958. година кој успеа директно да учествува во барем еден гол на секој од првите три натпревари на Мундијалот.

Да потсетиме, Кутињо погоди против Швајцарија и Костарика, а беше асистент при погодокот на Паулињо за првиот гол на Бразил против Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …