Дома Македонски спорт ЖФК Љуботен се засили со репрезентативка на Македонија!

ЖФК Љуботен се засили со репрезентативка на Македонија!

Тимот на ЖФК Љуботен не запира и следна која потпиша за овој клуб е актуелната репрезентативка на Македонија Павлина Николовска.

24 годишната „Пале“ во досегашната кариера настапуваше за екипите на Тиверија, Драгон и Каменица Саса од каде што пристига во Љуботен. Своевремено Николовска имаше и интернационално искуство настапувајќи за Белградска Црвена Звезда што само по себе кажува дека се работи за една од најдобрите македонски дефанзивкии.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Николовска која подеднакво добро се снаоѓа на штоперската и бековската позиција во новата сезона ќе биде дел од најавената гранитна одбрана на Љуботен за настапите во Лигата на Шампионите и домашното натпреварување во кое главна цел е нова шампионска титула.

Во полуфиналето на турнирот за ЛШ ЖФК Љуботен ќе игра со австриски Сент Полтен. Подобриот од овој натпревар ќе игра за следна фаза со Динамо Минск или Локомотив Стара Загора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…