Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака да ја засили дефанзивната линија во зимскиот преоден рок.
Во текот на летниот преоден рок раководството на Јунајтед не успеа да му ја исполни желбата на „Специјалниот“ и не му донесе дефанзивец од светска класа, па ќе се обиде тоа да го стори во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека на радарот на „црвените ѓаволи“ се наоѓаат дефанзивеците на Милан и Интер, Алесио Ромањоли и Милан Шкриниар.
Двајцата стопери имаат по 23 години, а веќе се етаблираа како едни од најдобрите дефанзивци во Серија А, па Мурињо сака по секоја цена еден од нив да го донесе во својот тим.
Манчестер Јунајтед се обиде да го донесе Шкриниар во летниот преоден рок, но неуспеа во намерата, додека Милан одби понуда од 50 милиони евра за Ромањоли.
Поради тоа, тешко дека „Специјалниот“ ќе успее во својата намера, бидејќи миланските гиганти немаат намера да се откажат од своите најдобри дефанзивци.