Дома Трансфер зона Жиру го напушта Челзи: Бира меѓу Мадрид и Милано

Жиру го напушта Челзи: Бира меѓу Мадрид и Милано

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп јавно побара од Оливие Жиру да си замине од Челзи. 

Французинот добива мала минутажа во Челзи и е спремен да ја промени срдината за да може да биде во форма за Европското првенство.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Неговата ситуација во Челзи не се промени последните два месеци. За него е подобро да оди во клуб каде ќе има поголема минутажа. Ако не може да игра во Челзи, тогаш треба да оди таму каде што може да игра. Не знам какви понуди има”, изјави Дешамп.

Медиумите пренесуваат дека за францускиот фудбалер се заинтересирани Атлетико Мадрид и Интер, кои веќе презентирале понуди до неговиот агент.

Се очекува Жиру во наредните денови да донесе конечна одлука дали ќе се пресели во Мадрид или Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …