Дома Македонски спорт Жирона го претстави Миовски: Не сум замена за Довбик

Жирона го претстави Миовски: Не сум замена за Довбик

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски денеска беше претставен во тимот на Жирона.

Како што изјави пред новинарите, одлуката да дојде во Жирона брзо ја донел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во Жирона сум скоро една недела и одлично соработувам со соиграчите. Одлуката да дојдам во овој клуб беше лесна. Во шкотската лига многу научив и напредував, но Примера е едно поинакво првенство, се надевам ќе ги покажам моите квалитети и ќе имам успех. Тренерот Мичел е одличен стратег и верувам дека заедно ќе ги оствариме целите на клубот“, изјави Миовски.

Иако така се најавува, не се гледа како замена за Украинецот Довбик.

„Не се гледам себеси така и не сакам да си создавам притисок. Ќе го давам максимумот на секој натпревар за да помогнам на тимот. Жирона беше хит во минатата сезона и не гледам причина да не биде така оваа сезона“, додаде Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Италијанец ќе слета на „Олд Трафорд“: Јунајтед сака еден од најдобрите играчи во лигата

Манчестер Јунајтед сериозно работи на потенцијален трансфер на Сандро Тонали, пренесуваат …