Дома Топ вести Животна приказна за филм: Како Левандовски стигна до еден од најдобрите на светот?

Животна приказна за филм: Како Левандовски стигна до еден од најдобрите на светот?

Роберт Левандовски е главен кандидант за освојување на наградата за најдобар играч на светот за 2020. година по избор на ФИФА.

Полскиот напаѓач во претходната сезона со Баерн освои се што можеше да се освои, па сега е голем фаворит за освојување на наградата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лева најверојатно ќе ја освоеше и Златната топка на Франс Фудбал, но доделувањето на таа награда беше откажано поради коронавирусот, па во случај да го освои признанието на ФИФА ќе има утешна награда.

Левандовски многу поминал низ животот, но со напорна работа успеа да стане еден од најдобрите во светот, иако во 2006. година беше на чекор до откажување.

Тогаш 18-годишниот Левандовски играше за вториот тим на Легија од Варшава, но после 12 натпревари и два постигнати погодоци доби отказ.

Тренерите на Легија сметале дека не е доволно добар и дека нема никакви шанси со својата игра да дојде до ниво кое бара играње во тим како Легија.

На крајот се излажале. Лева преку нисколигашот Знич Прушков дојде до Лех од Позњан. Таму експлодираше, а потоа следуваа феноменални години во Борусија Дортмунд, а потоа и Баерн Минхен.

Живото на Роберт Левандовски е вистинска филмска приказна, а кариерата може да ја круниса со избор за најдобар на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…