Дома Фудбал Останато Живееме во ерата на двајцата „величенствени“: Меси и Роналдо меѓу најдобрите стрелци во историјата!

Живееме во ерата на двајцата „величенствени“: Меси и Роналдо меѓу најдобрите стрелци во историјата!

Лео Меси синоќа одигра уште еден фантастичен натпревар и постигна два гола во победата над Јувентус. Тоа за Аргентинецот беше 95-ти и 96-ти гол во Лигата на шампионите и дојде до бројката од 600 погодоци во официјални натпревари во кариерата.

Со ова, Меси стана седмиот „величенствен“ во историјата на фудбалот, бидејќи Аргентинецот е само седмиот играч кој успеал да постигне барем 600 гола во текот на кариерата.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Роналдо во моментов е пред него со 626 гола, но нему за таа бројка му беа потреби 900 натпревари, а на Меси само 764. Сето тоа звучи импозантно, но двајцата најдобри фудбалери на денешницата се далеку зад водечката петторка.

На петтото место на вечната листа се наоѓа легендарниот Германец Герд Милер кој на 793 официјални натпревари постигнал 735 гола. Пред него е Ференц Пушкаш кој на 754 натпревари даде 735 гола, со што го има убедливо најдобриот просек – 0,99 гола по натпревар.

На второто и третото место се наоѓаат двајца Бразилци за кои се тврди дека ја надминале бројката од 1.000 погодоци. Пеле, според Гинисовата книга на рекорди, е фудбалер со најмногу голови во историјата на фудбалот. Бразилецот во 1.363 натпревари мрежата ја тресел 1.283 пати. Сепак, познато е дека Пеле беше еден од првите сериозни фудбалски брендови, па неговиот Сантос ширум светот одигра стотина пријателски натпревари. Така Бразилецот ги „напумпа“ своите бројки, токму на тие комерцијални турнеи. Кога ќе се подвлече линија и ќе се сметаат само официјалните натпревари, тој постигнал 767 гола.

На второто место е Ромарио кој исто така играјќи многу пријателски натпревари погодувал повеќе од 1.000 пати во кариерата, а што се однесува до официјалните натпревари, тој застана на бројката од 772 гола. Пет повеќе од Пеле.

Апсолутен рекордер во сите сегменти е поранешниот репрезентативец на Австрија и Чехословачка – Јозеф Пепи Бицан. Најголема трага остави во Спарта Прага за која од 1937 до 1948 година одигра 217 натпревари и дал неверојатни 395 гола! Бицан на само 530 официјални натпревари постигнал неверојатни 805 гола, што носи просек од 1,52 гола по натпревар.

Најдобри стрелци во историјата на фудбалот:

1. Јозеф Бикан 805 гола (530 натпревари) (1.52 гола по натпревар) 1931-1956
2. Ромарио 772 (994) (0.78) 1985-2007
3. Пеле 767 (831) (0.92) 1957-1977
4. Ференц Пушкаш 746 (754) (0,99) 1943-1966
5. Герд Милер 735 (793) (0.93) 1962-1981
6. Кристиано Роналдо 626 (900) (0.7) 2001-денес
7. Лео Меси 600 (764) (0.79) 2003-денес

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…