Дома Фудбал Англија Жестоки критики за Халанд: Беше како играч од четврта лига!

Жестоки критики за Халанд: Беше како играч од четврта лига!

Немаше голови на големото дерби од 30. коло од англиската Премиер лига помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.

„Топчиите“ дојдоа на „Етихад“ со намера да се одбранат од акутниот шампион и успеаа во таа намера, а еден од оние кои ништо не на направија на теренот беше Ерлинг Халанд. Халанд единствената прилика за гол ја имаше пред крајот на натпреварот кога ја промаши топката.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тандемот стопери на Арсенал, Вилијам Салиба и Габриел по вторпат сезонава го остави Халанд без удар кон голот, а легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Англија, Рој Кин, испрати жестоки критики до норвежанецот.

„Ова беше многу лошо, Ерлинг одигра преслабо. Беше на ниво на играч од англиската лига 2 (четврта лига). Под итно треба да најде решение да ја подобри својата игра“, изјави Кин.

По ремито со Арсенал, Манчестер Сити е на третото место со бод помалку од клубот од клубот од Лондон кој е на позицијата број два, Ливерпул е лидер со два повеќе (67).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали вреди навистина толку? Арсенал продава тројца за Родриго!

Нема повеќе простор за сомнеж дека бразилскиот фудбалер Родриго е главната цел на Арсенал …