Ерлинг Халанд вчера го одигра својот 100-ти натпревар во дресот на Манчестер Сити и го одбележа со уште еден гол.
Норвежанецот го постигна водечкиот гол во победата над Челзи, што беше негов 91 гол на 100 натпревари, а додаде и 15 асистенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, колку и да е впечатлив овој рекорд за натпреварот Челзи треба да се истакне и еден нагативен податок учинок кој го имаше Норвежанецот.
Верувале или не, Халанд имаше само три прецизни додавања и тоа од вкупно осум обиди, што е процент од 38%.
Ова е јасен показател дека Халанд не учествува во играта на својот тим и е таму „само“ како „егзектор“ во финишот од акциите. Сепак, таа една ситуација беше доволна да се одлепи Марко Кукуреља и да постигне гол.