Дома Фудбал Останато Жестоки критики за Роналдо: Само кукаше и промашуваше – воопшто не требаше да игра!

Жестоки критики за Роналдо: Само кукаше и промашуваше – воопшто не требаше да игра!

Aктуелниот вицешампион Ал Наср го забележа вториот пораз во исто толку првенствени кола во новата сезона.

Сега на домашен терен подобар од тимот на Роналдо беше Ал Тавон кој ги совлада со 2:0. Роналдо не се прослави и го имаше најголемото промашување на мечот (ТУКА), а по натпреварот доби и големи критики.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Англискиот „Гоал“ покрај навивачите беше најежсток кон критиките за Португалецот.

„Роналдо против Ал Тавон изгледаше ужасно. Беше најслаб во вториот шокантен пораз за Ал Наср во само четири дена. Очигледно е дека не беше спремен, беше проблем за својата екипа. Воопшто не требаше да игра, само кукаше и промашуваше шанси“, пишува „Гоал“.

Критики добиваше Роналдо и од навивачите.

„Жално е како изгледа“. „Готов е“. „Тажно е да се гледа на теренот“… , се само дел од коментарите од фановите на Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…