Дома Македонски спорт Женската фудбалска репрезентација до 19 години ремизираше против Белорусија

Женската фудбалска репрезентација до 19 години ремизираше против Белорусија

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Белорусија во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир во Тбилиси, Грузија за пласман во елитната рунда. 

Во еден интересен натпревар, полн со возбудување и желба за победа кај двете репрезентации, Македонија може да жали за пропуштената прилика за триумф во последните мигови од мечот. Избраничките на селекторот Астрит Мерко во 92. минута од натпреварот пропуштија извонредна прилика за постигнување погодок и остварување победа.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Карашчак од пенал донесе предност за Белорусија во 19. минута. Веса Села во 83. минута го израмни резултатот и ги постави конечните 1:1.

Македонската женска репрезентација до 19 години по двата одиграни натпревари од квалификацискиот турнир забележа една победа и еден нерешен резултат.

Белорусија и домаќинот Грузија треба да го одиграат последниот натпревар во нашата група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…